Лигата на шампионите каква што ја знаеме ќе биде минато од сезоната 2024/2025.
Наместо досегашните 32 клуба во Лигата на шампионите, ќе играат 36 екипи. Натпреварувањето по групи е откажано, а секоја екипа ќе има загарантирано 10 натпревари против 10 различни противници (пет дома и пет на гости).
После тоа, осумте најдобри клубови би избориле пласман во осминафиналето, а пласираните од 9. до 24. место би играле плеј-оф за осминафиналето. Останатите 12 би отпаднале од конкуренцијата.
Покрај овие промени, има и заговорници за промена на системот на финалињата на натпреварувањето, па наскоро наместо нокаут фазата би можеле да гледаме Фајнл-форо.
За ова се залагаат претседателот на УЕФА Александар Чеферин и првиот човек на ПСЖ и Асоцијацијата на европски клубови (ЕЦА) Насер Ал-Хелаифи.
„Лично, мислам дека би било многу добро. Гледајте го Суперболот. Тоа е голем настан и луѓето одлично се забавуваат“, изјави Чеферин за Тајмс во септември минатата година.
Ал Хелаифи му е голема поддршка. И двајцата се залагаат за воведување на овој систем на натпреварување, а наводно имаат поддршка и од други големи клубови.
Така веќе не би го гледале дуелот во полуфиналето. Еден град би бил домаќин на полуфиналето и финалниот натпревар, односно тоа би бил фајналфор, како што се прави во кошарката со години.
Факт е дека се очекува промена на фудбалот на глобално ниво. Парите одамна се многу поважни од фановите и ќе продолжат да бидат и во иднина.