ФУДБАЛ

Чеферин: Не гледам како може да го оставиме Ливерпул без титула

Колку подолго трае пандемијата на коронавирусот, толку повеќе УЕФА и европските клубови губат пари.

И најлошиот финансиски удар ќе дојде ако сезоната не може да продолжи. Затоа УЕФА сака да спречи тоа да не се случи.

Приоритет е секако продолжението на првенствата и ЛШ.

За тековната состојба и иднината на европските и клупските натпреварувања разговараше и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Чеферин е сигурен дека Серија А ќе заврши на теренот, шампионатот на Италија, кој падна во хаос поради пандемијата на коронавирус.

„Серија А ќе заврши. Јас сум оптимист во врска со ова и сигурен сум, иако не можам да ветам или гарантирам. Во Европа, сè ќе зависи од ситуацијата во секоја земја. Ние ќе се обидеме да го најдеме вистинското решение за секоја лига штом владите ќе ни дадат зелено светло“, изјави Чеферин.

Чеферин се осврна и на Англија и Ливерпул, кои до крајот на натпреварувањето чекореа стабилно кон првата титула шампион на земјата по три децении. Сега, навивачите стравуваат дека во случај сезоната во Премиер лигата да биде откажана, „Редсите“ би можеле повторно да останат без посакуваниот трофеј.

„Не знам како можеме да го оставиме Ливерпул без титула. Ако првенството продолжи, сигурно ќе бидат шампиони. Ако првенството не продолжи, ние ќе ги советуваме лиги да ги доделат титулите на првопласираните тимови“, рече Чеферин, изразувајќи оптимизам дека и Лигата на шампионите ќе заврши без проблем.

„Што се однесува до Лигата на шампионите, ќе ја завршиме во ист формат“.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаСерија А