Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин откри дека водечката организација на европскиот фудбал има три планови за завршување на сезоната.
Пандемијата на коронавирус го запре фудбал на Стариот континент. Има многу информации од сите страни за евентуалното продолжување на натпреварите, а во интервју за италијанската „Ла Репблика“, Чеферин откри планови за остатокот од сезоната.
„Постојат планови А, Б и Ц, но никој не знае кога ќе заврши пандемијата и ќе мора да почекаме, како и сите други. Сега мора да заборавиме на сопствените интереси и недоразбирања и јас сум во постојан контакт со претседателот на ФИФА, Џани Инфантин”, речее Чеферин и продолжи:
„Првата опција е да ја започнеме сезоната кон средината на мај, на почетокот или крајот на јуни. Исто така, постои опција да се заврши сезоната на почетокот од следната година, но во тој случај би имало датуми на преклопување со европските натпревари. Најдобрата опција е да ги завршиме шампионатите, дури и ако треба игра во текот на летото и без публиката. Многу е важно сè да започне пред крајот на јуни, во спротивно сезоната ќе се изгуби “.
Чеферин не би сакал ниту да игра без публика.
„Невозможно е да се знае дали натпреварите ќе се играат без публика. Не можам да замислам финале во Лигата на шампионите без публика. Прашањето е, дали можеме да ги натераме фудбалерите да играат откако ќе заврши сето ова“.