Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин уверува дека наскоро ќе го имаме стариот добар фудбал, но предупредува дека „спортот нема да одлучи, туку тоа ќе биде политиката“.
УЕФА е посветена на продолжување на европските натпреварувања и националните првенства оваа сезона, но е свесна дека конечната одлука не е во нејзини раце.
„Човештвото ќе го победи коронавирусот. Видовме колку е чувствителен и ранлив нашиот свет кога успеа целосно да го дестабилизира. Фудбалот е составен од позитивна енергија и додека не се врати фудбалот, луѓето нема да имаат перцепција дека ситуацијата е нормална“, рече Чеферин.
„Фудбалот ќе се смени, но само кратко. Веќе преживеал војни и епидемии во минатото. Наскоро ќе го имаме стариот добар фудбал. Би сакале да го видиме фудбалот што е можно поскоро на теренот, но пред сè тоа зависи од одлуките на државните органи. Со сите медицински потреби и зад затворени врати, натпреварите би можеле да се вратат релативно брзо. Сепак, спортот нема да одлучува, туку политиката“.
Засега, од најголемите сили само Франција и Холандија ги суспендираа првенствата, а останатите се борат повторно да играат до крајот на месецот или во јуни.