ФУДБАЛ

Чеферин потврди: Супер лигата е завршена работа!

Повеќе од една година откако светот на фудбалот го потресе веста за основањето на Суперлигата, тоа се уште е тема на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Претседателот на УЕФА повтори дека ова е идеја која е завршена.

„Готово е. Инволвираните се обидуваат малку повеќе да го задоволат своето его, но сепак нема да успее“, започна тој, продолжувајќи да зборува за конкуренцијата во германското и француското првенство, како и за важноста на навивачите.

 

„Точно е дека овие две првенства (Лига 1 и Бундеслига) не се многу конкурентни. Двата клуба доминираат. Во Италија има поголема конкуренција, но тие не се финансиски силни. Премиер лигата има најголема традиција, навивачите се различни од оние во Италија. „Додека бевме во војна со Суперлигата, англиските навивачи ни помогнаа. Италијанците и Шпанците не направија ништо“, изјави Словенецот.

 

 

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаБундеслига