ФУДБАЛ

Чеферин за продолжување на ЛШи ЛЕ: Се зависи од тоа кога ќе продолжат националните првенства

Во медиумите се појавија чудни планови со специфични датуми за натпреварите за продолжување на сезоната во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Идејата е овие натпревари да се одржат во август, откако претходно ќе завршат националните првенства.

Сепак, според претседателот на Европската фудбалска централа (УЕФА), Александар Чеферин, постои друга опција.

„Се зависи од тоа кога ќе продолжат националните првенства. Ако тоа се случи доволно брзо, тогаш е можно средбите од ЛШ и ЛЕ да се играат паралелно“, објасни Словенецот во интервју за „Кориере дела Сера“.