Реал Мадрид утре вечер со почеток во 21:00 часот му гостува на Алкојано во рамките на Купот на Кралот. Според пишувањата на „Марка“, на овој меч Зинедин Зидан ќе направи многу промени, односно ќе одмори неколку играчи од стандардниот состав. Па, така од првата минута најверојатно ќе настапи голманот Андриј Луни. Украинецот во 2018-та година потпиша петгодишен договор со тимот од Мадрид, кој за него на тимот на Зорија плати 8,5 милиони евра.
Сепак, постојано беше праќан на позајмици, се до почетокот на оваа сезона кога беше назначен за прва замена на Тибо Куртоа. Белгиецот на овој меч ќе одмара, а Лунин по 943 денови откако стана член на Реал Мадрид, конечно ќе дебитира.