ФУДБАЛ

Чекор до остварување на сонот: Мбапе и Нејмар синиќа лудуваа во соблекувалната (ВИДЕО)

ПСЖ го совлада РБ Лајпциг со 3:0 и освои место во финалето на ЛШ.

За прв пат во историјата на клубот, парижаните постигнаа место во финалето на Лигата на шампионите, каде ги чека победникот на утрешниот дуел меѓу Баерн и Лион.

Вложени многу пари во овој тим. Целта уште од самиот почеток беше тронот на Европа, а сега парижаните се многу блиску до тоа.

По натпреварот, како што се очекуваше, се случи голема прослава. Видеото од соблекувалната покажува дека Нејмар и Калијан Мбап се особено среќни.

Ѕвездите на ПСЖ пееја и славеа за историскиот успех.