ФУДБАЛ

Челниците на Баерн веќе донесоа одлука за иднината на Хасан Салихамиџиќ

Хасан Салихамиџиќ веќе пет години е дел од раководството на германскиот гигант Баерн.

 

Откако освои се што можеше како играч со овој клуб, славниот Брацо се врати во Баерн во 2017 година. Тој беше избран за спортски директор и создаде тим кој успеа да освои бројни трофеи.

 

Наградата за добра работа му припадна на Салихамиџиќ минатата година. Тој беше назначен во одборот на директори и доби поголеми овластувања во клубот. Тој го искористи тоа и стана незаменлив дел од се што се случува во Баерн.

Договорот на Салихамиџиќ со Баерн е обврзувачки до летото следната година. Сепак, желбата на управата е тој да остане во клубот, а според се тоа ќе се случи.

 

Хасан на маса има нов четиригодишен договор. Му беше понудено продолжување на соработката до летото 2026 година и тој е подготвен да ги прифати условите кои му ги понуди баварскиот гигант.

Новиот договор за 45-годишната фудбалска легенда ќе биде одобрен на состанокот на управата на клубот закажан за 29 август, а потоа и официјално ќе биде објавено продолжувањето на соработката.

 

Од доаѓањето на Салихамиџиќ во клубот во 2017 година, Баерн има освоено вкупно 15 трофеи. Пет пати беа шампиони на Германија, два пати го освоија ДФБ Купот, пет пати Суперкупот, како и Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Клупското првенство на ФИФА.