ФУДБАЛ

Челниците на Милан го изненадија Ибрахимовиќ пред тренинг во Миланело

Фудбалерите на Милан синоќа беа поразени на градското дерби против Интер и се простија од Купот на Италија.

По пресвртот Интер успеа да слави со 2:1 и се пласираше во полуфиналето, но по мечот сите зборуваа само за судирот што го имаа Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку на крајот на првото полувреме.

Ибрахимовиќ и Лукаку жестоко се навредуваа и беа на прагот на физичка пресметка. Соиграчите некако успеаја да ги раздвојат, а вербалниот конфликт продолжи и во тунелот.

Подоцна, Ибрахимовиќ порано го заврши мечот поради црвен картон, а потоа Интер дојде до пресврт и се пласираше понатаму. Ибара им се извини на соиграчите за сработеното затоа што е свесен како сето тоа изгледа.

Медиумите во Италија денес објавија дека Ибрахимовиќ имал состанок и со челниците на клубот. Средбата се одржа пред тренингот во Миланело, а Ибрахимовиќ им објасни на клупските челници што се случи синоќа.

Исто така, Ибра негираше на социјалните мрежи дека го навредувал Лукаку на расна основа.