ФУДБАЛ

Челниците на Реал Мадрид го доведуваат фудбалерот на Манчестер Сити кај Анчелоти и ги соборуваат сите рекорди

Реал Мадрид секоја година прави многу добар преоден рок и обично е еден од клубовите кои трошат најмногу пари.

Реал Мадрид веќе почна да прави планови за следното лето и преодниот рок кој ги очекува.

Првото големо прашање е дали тимот следната сезона од клупата ќе го води Карло Анчелоти. Тој има договор до крајот на 2024 година, но има и неколку понуди кои Реал Мадрид очекува нивниот тренер да ги одбие и да го испочитува неговиот договор до крај.

Главниот план на Реал Мадрид за следниот преоден рок е засилување на одбраната, поточно една позиција во одбраната, а тоа е дефицитната позиција на десниот бек.

Практично нема замена за Карвахал оваа сезона, бидејќи нема играч во клубот кој би можел толку добро да го замени за да не се почувствува неговото отсуство.

Шпанските медиуми денеска пренесоа вистинска бомба, а тоа е дека предводникот на Реал Мадрид го посакува еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Жоао Кансело.

Португалецот игра феноменално во дресот на тимот од Англија, а член на Манчестер Сити стана пред четири години.

Минатата сезона одличниот бек запиша седум асистенции во Премиер лигата и постигна еден гол, а оваа сезона постигна еден гол во домашното првенство и три асистенции во Лигата на шампионите.

Очигледно, Кансело е многу заинтересиран да замине во Реал Мадрид, и би сакал да остави длабока трага во клубот во кој настапуваше неговиот сонародник Роналдо.

Неговиот договор со Сити е до 2027 година, а тој го продолжи пред неколку месеци, па неговото доведување може да биде многу скапо.

Ова може да го направи најплатен дефанзивец, но останува да видиме дали ќе има трансфер, и по која цена.

Секако и Пеп Гвардиола се чуди за се, бидејќи Кансело е еден од столбовите на неговата игра, кој го користи и на десниот и на левиот бек.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига