Реал Мадрид со победата против Ливерпул во саботата по 14-ти пат стана европски првак.
На ваков расплет од финалниот меч во Париз многу се надеваа на Челзи кој до сабота беше официјален европски првак.
Имено, заедно со останатите играчи на Реал Мадрид, титулата европски првак ја подигна Еден Азар, кој пристигна во Реал Мадрид од Челзи.
Според договорот што го постигнаа клубовите, Реал Мадрид сега е обврзан да му плати на Челзи дополнителни 15 милиони фунти на име бонуси, бидејќи Азар ја освои Лигата на шампионите во дресот на Реал Мадрид.
Азар во финалето беше на клупата, но не одигра ниту една минута, дури откако се врати по којзнае какви повреди откако беше член на Реал.
Белгиецот навистина не даде никаков придонес во освојувањето на овој трофеј играјќи само на три натпревари, но договорот е договор и мора да се почитува.
Во сето ова има еден „забавен факт“. Имено, Челзи поради поразот од Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите ќе инкасира 15 милиони фунти, додека Ливерпул за освојување на ФА и ЕФЛ купот доби вкупно 3,5 милиони фунти.