Фудбалерите на Челзи се првите финалисти на англискиот Лига куп.
Во реваншот од полуфиналето го совладаа Тотенхем со 0:1.
Стрелец на решавачкиот гол беше Рудигер за асистенција на Монут во 18. минута од натпреварот.
По ВАР во 64. минута беше поништен голот на Тотенхем на Кејн.
Така, Челзи го елиминира градскиот ривал во два натпревари со вкупни 3:0 (прв натпревар 2:0) и ја доби борбата за првиот трофеј во сезоната.
Челзи во финалето ќе ги одмери силите со Ливерпул-Арсенал, а првиот натпревар ќе го одигра утре на „Енфилд“, бидејќи минатата недела беше одложен поради коронавирус кој му создаде проблеми на тимот од „Енфилд“.