Челси продолжува да носи засилувања. Последното беше потпишано денес. Новиот играч на лондонскиот клуб стана Бен Чилвел.
Чилвел пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ по одличните игри во дресот на Лестер Сити, а тој потпиша петгодишен договор со „Сините“.
„Задоволен сум што се приклучив на Челзи во многу возбудлив период за клубот. Не можам да дочекам да играм“, изјави англискиот фудбалер.
Иако нема официјални податоци, англиските медиуми шпекулираат дека сумата на трансферот била 55 милиони евра.
BEN
IS
BLUE.
Welcome to Chelsea, @BenChilwell! 💙 #BenIsBlue— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 26, 2020
Претходно, Челзи ги поштиша Хаким Зијех и Тимо Вернер, а следните во редот кој треба да пристигнат се искусниот Тијаго Силва и супер талентираниот Каи Хаверц.