Според британскиот, „Sport Express“, Челзи наскоро ќе го смени грбот на клубот.
Тековниот грб на Челзи е дизајниран во 2005 година и е во сила 13 години и беше усвоен кога Роман Абрамович го презеде клубот.
На него е лав кој држи стап, поточно скиптар кој го претставува грбот на грофот од Кадоган. Лавот, исто така, доминирал и во претходните грбови на Челзи, но на нив имало помалку детали отколку денес.
„Sport Express“ пишува дека Челзи нема драстично да го промени грбот и лавот, кој ќе остане на „ударна“ позиција, но целиот фонт околу него ќе се освежи.
Промената на грбот повторно предизвика шпекулации за продажба на клубот, бидејќи британската јавност смета дека оваа одлука не била случајна.
Роман Абрамович веќе ја разгледа можноста да го продаде Челзи, кој го купи за 140 милиони фунти, а наводно би го продал за околу три милијарди фунти.