ФУДБАЛ

Челзи го победи Милан со нпромашувањето на кариерата на Раде Круниќ

Челзи на домашен терен го совлада тимот на Милан и забележа победа од 3:0.

Екипата на Милан едвај создаваше сериозна шанса во текот на целиот натпревар, но затоа Челзи одигра маестрална партија.

 

Екипата на Челзи поведе во 24. минута, а стрелец беше Фофана на асистенција на Лофтус-Чик.

Во првото полувреме сепак вреди да се истакне неверојатното промашување на репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Раде Круниќ. Тој го промаши празниот гол од неколку метри во судиското надополнување на првото полувреме.

Во вториот дел два брзи гола на Челзи беа доволни за убедлива победа во очекуваното дерби.

Најпрвин Обамејанг во 56. минута постигна гол за 2:0, а само шест минути подоцна Џејмс по асистенција на Стерлинг стави точка на оваа игра.

 

Манчестер Сити на домашен терен постигна пет гола против тимот на Копенхаген. Првите два гола ги постигна Ерлинг Халанд во 7. и 32. минута од натпреварот.

Уште еден гол беше забележан во првото полувреме, автогол на Хочолава, одигран во 39. минута од натпреварот.

Вториот дел од натпреварот донесе уште два гола на Манчестер Сити. Најпрвин погоди Махрез од пенал во 55. минута, а потоа Алварез во 76. минута од натпреварот.

Убедлива победа на гостувањето кај Севиља оствари и Борусија Дортмунд која беше 1:4 за гостинската екипа.

Веќе по првото полувреме беше 0:3 за гостите, а стрелци беа Гереиро во 6. минута, Белингем во 41. минута и Адејами во 43. минута.

Во вториот дел, Севиља најпрвин намали на 1:3 преку Ен Несири во 51. минута, а конечниот резултат го постави Брант во 75. минута од натпреварот.