ФУДБАЛ

Челзи го „понижува“ Лукаку, трансфер невозможна мисија?

Ромелу Лукаку и Челзи не можат да најдат решение.

Белгиецот беше прекомандуван во тимот до 21 година, не тренира ниту со првиот тим и да биде уште полошо, Маурисио Покетино и Лукаку воопшто не ни комуницираа.

Проблемот е што Челзи одбива да го испрати на нова позајмица, сака директен трансфер и да се ослободи од Лукаку, кој е еден од најголемите неуспеси.

Пред две години Челзи плати дури 110 милиони евра, по само една сезона се врати на позајмица во Интер, но и таму ја затвори вратата бидејќи преговараше со Јувентус.

Лукаку нема понуди, освен од Саудиска Арабија каде не сака да оди.

Тој има и огромна плата, поради што Челзи сака да се ослободи од него, но засега трансферот изгледа како невозможна мисија.