ФУДБАЛ

Челзи го решава горчливото прашање? „Сините“ подготвија 120.000.000 евра за нова „бомба“!

Челзи се подготвува да му понуди на Наполи до 120.000.000 евра на крајот од сезоната за нигерискиот напаѓач Виктор Осимен и на тој начин да го реши горливото прашање во шпицот на нападот, пренесуваат британските медиуми.

На „Сините“ им треба врвен напаѓач, со оглед на тоа што лондонскиот клуб има проблеми со реализацијата од почетокот на сезоната, Челзи оваа сезона во Премиер лигата постигна 22 гола на 13 натпревари.

Британските медиуми наведуваат дека лондонскиот клуб има доволно пари да го реализира трансферот веќе во јануари следната година. Сепак, најреална опција е Челзи и Наполи да се договорат за трансфер на Нигериецот во тимот од „Стемфорд Бриџ“ на крајот од сезоната.

Се известува и дека Осимен сака да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, бидејќи му се допаѓа проектот на новиот тим на Челзи.

Осимен (24) има договор со Наполи до 30 јуни 2025 година.

Нигериецот пристигна во клубот од Неапол во 2020 година од Лил.

Сезонава одигра 11 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест гола.

Неодамна излезе интересно интервју помеѓу Осимене и Џон Оби Микел, кој се „понуди“ да биде посредник во целиот бизнис.

Изгледа нешто навистина „готви“…

ПОВРЗАНО

Премиер Лига