Поразот на Челзи со 3:0 на домашен терен против Баерн Минхен во вторникот ги натера Лондон и Сините да го постигнат најлошиот учинок во 34 години во однос на домашните натпревари.
Серж Гнабри постигна два брзи гола во второто полувреме на „Стемфорд Бриџ“, пред Алфонсо Дејвис да направи импресивна асистенција до Роберт Левандовски кој го направи, најдлабокиот европски пораз на Челзи во натпревар како домаќин.
Френк Лампард ќе ги нема на располагање Жоргињо и Маркос Алонсо во повратниот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите, откако Алонсо доби црвен картон а Жоргињо поради жолти картони ќе го пропушти следниот натпревар.
Ова беше осми пораз за Челзи на домашен терен оваа сезона, најголема бројка на Челзи послем 34 години од сезоната 1985/86.
Челзи сега во наредните недели ќе се соочи со Бурнемут, Евертон и Астон Вилан, како и со Ливерпул во ФА Купот – трка која Лампард ја има освоено четири пати како играч.