Шпанскиот голман разочара со неговите настапи на последните натпревари со „Сините“.
Челзи бара нов голман. Веста ја објави „Тајмс“.
„Сините“ се загрижени за неодамнешните настапи на актуелниот голман Кепа Аризабалага.
Затоа, сегашниот владетел во Лигата на Европа размислува за евентуална замена за шпанскиот голман.
Голманот на Барнли, Ник Поуп и голманот на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон, кој моментно е на позајмица на Шефилд, на „Стемфорд Бриџ“ се сметаат за идеална замена.