Францускиот репрезентативец Н’голо Канте би можел ова лето да го напушти Челзи.
Канте игра послабо од минатата сезона, а челниците на Челзи, наводно, се подготвени да го продадат во претстојниот трансфер период, при што според последните информации, борбата ќе трае меѓу три клуба.
Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид се вели дека се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер, а престижниот „Л’Екипе“ пишува дека тие веќе поставиле цена на „Стемфорд Бриџ“ и дека станува збор за околу 70 милиони евра.
Исто така, се вели дека Јувентус му нуди понуда на размена на Челзи, а би можел да биде вклучен Миралем Пјаниќ, кој долго време беше на радарот на Челзи, но се споменуваат и Даниеле Ругани и Алекс Сандро.
Французинот е во Челзи од 2016 година кога пристигна од Лестер за 36 милиони евра.