ФУДБАЛ

Челзи може да заработи дополнителни пари од трансферот на Азар, но мора да се исполнат три услови

После неколку месеци пишување, Еден Азар вчера официјално стана нов играч на Реал Мадрид.

Значи, по седум години, Азар одлучи да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и да се пресели во Мадрид, а Кралскиот клуб ќе му плати на Челзи 100 милиони евра.

Азар ќе го потпише договорот на пет години, а Челзи, покрај овие 100 милиони евра, ќе има можност да заработи уште 30 милиони од бонусот.

Имено, постојат три услови кои мора да се исполнат за Челзи да ја добие оваа сума на пари.

Прво, Азар мора да игра голем број на натпревари што е реалистично и да се направи. Друг услов е Реал Мадрид да се квалификува за Лигата на шампионите.

Третиот услов е можеби најинтересен, Еден Азар да биде меѓу финалистите на Златната топка следната година.