ФУДБАЛ

Челзи му нуди нов договор на Менди

Актуелниот европски шампион и лидер во Премиер лигата, Челзи ќе му понуди нов договор на својот голман Едуардо Менди со цел да го награди за одличните игри откако дојде во клубот.

Менди пристигна во Челзи летото 2020 година од Рен во трансфер вреден 24 милиони евра. Тој веднаш стана прв голман на тимот и постојано пружа одлични игри. Неговиот договор е со важност до летото 2025 година.

Сепак, Менди е еден од најслабо платените играчи во лондонскиот клуб. Заработува околу 3,5 милиони евра по сезона. Челзи сака да го поправи тоа и е подготвен да му понуди нов договор со многу поголема плата.

Менди и тимот на Челзи ќе ги гледаме во сабота од 13.30 часот кога на „Олимпискиот стадион“ во Лондон му гостуваат на Вест Хем во дербито од 15. коло од Премиер лигата.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига