Челзи е во потрага по нов лев бек.
Бен Чилвел е повреден и се чини дека ситуацијата со него не е баш најдобра, па ќе биде далеку од терените долго време.
Лондонскиот тим остана само со еден избор, а тоа е Маркос Алонсо, чии игри не се задоволни ниту од управата на клубот, ниту од навивачите на актуелниот европски шампион.
На тој начин Челзи ќе се сврти кон доведување на нов лев бек, а во јануари нема премногу избори. Еден на располагање е Лукас Дињ од Евертон, кој претходно се поврзуваше со Интер, Наполи и Њукасл Јунајтед.
Имено, „Карамелите“ за него бараат 25 милиони евра со оглед на тоа дека договорот му истекува дури во летото 2025 година, но Интер не е подготвен да го плати тоа и ќе се обиде да го искористи Челзи за целата ситуација.
Нероаѕурите планираат да го доведат Французинот на позајмица со опција за откуп, но без обврска за купување, бидејќи Дињ би бил само привремено решение.
Дињ има плата од 100.000 фунти неделно и тоа секако ги одбива клубовите во намерата да го доведат, но Челзи нема премногу избор, па Французинот би можел да се пресели на Стемфорд Бриџ.
Оваа сезона за тимот од Ливерпул Дињ настапи на вкупно 15 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.