ФУДБАЛ

Челзи нема да застане – „Бомбата“ на летото е Нејмар!

Сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Тод Боли разговарал со челниците на Пари Сен Жермен за евентуалниот трансфер на Нејмар во лондонскиот клуб, објавија денеска англиските медиуми.

Претходно медиумите објавија дека ПСЖ се подготвува за заминување на Лионел Меси и Нејмар, поради лошите односи во соблекувалната.

Нејмар наводно се судрил со соиграчите пред жестока расправија со спортскиот директор на клубот Луис Кампос по поразот од Монако со 3:1 во тамошното првенство.

Бразилскиот напаѓач е член на ПСЖ од 2017 година во кој се пресели од Барселона за отштета од 222 милиони евра.