ФУДБАЛ

Челзи планира да донесе уште двајца во одбраната, од кои еден чини 90 милиони евра

Челзи остана без Андреас Кристенсен и Антонио Рудигер, па одбраната на сините е ослабена, но управата на клубот сака да ја засили според желбите на Томас Тухел.

 

Најпрво од Наполи беше доведен Калиду Кулибали, а сега на списокот со желби се уште двајца дефанзивци, со двајцата под договори и нема да биде лесно да се доведат.

 

„Сините“ преговараат со играчот на Лестер, Весли Фофана и дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис. Целта е и двајцата да се доведат до стартот на новата сезона, но прашање е колку е тоа реално, без разлика што лондонскиот клуб е финансиски многу посилен од клубовите за кои настапува споменатото дуо.

Инаку, Лестер веќе се изјасни – за својот дефанзивец бараат 90 милиони евра, додека Дамфрис би чинел многу помалку, но прашање е дали Интер е подготвен да го продаде бидејќи игра важна улога во тимот на Симоне Инзаги.

 

Фофана има 21 година и многу го ценат, но сините ќе се обидат да се договорат со Лестер и да го доведат за нешто пониска цена до крајот на следниот месец. Покрај Челзи, заинтересирани се и Севиља и ПСЖ.