Гледавме уште еден интересен дуел на првиот ден од „Boxing Day“ во 19. коло од Премиершип.
По пресвртот, Челзи како гостин ја совлада Астон Вила со 1:3.
По неколку добри прилики пред двата гола, домашните први дојдоа до водство. Во 28. минута Џејмс имаше лоша интервенција и ја смести топката во сопствената мрежа за 0:1.
Сепак, до крајот на полувремето тимот од Лондон успеа да израмни, а стрелец на голот беше Жоргињо од пенал во 34. минута од натпреварот.
А потоа следуваше целосен пресврт на гостите.
Во 56. минута Лукаку погоди за 1:2 на асистенција на Хадсон-Оди, а конечните 1:3 ги постави Жоргињо со својот втор гол од пенал во третата минута од судиското продолжение.