ФУДБАЛ

Челзи покажува заинтересираност за Дембеле

Францускиот фудбалер во текот на летото ќе ја напушти Барселона, а може да заврши во Премиер лигата.

Усман Дембеле ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.

Договорот на францускиот фудбалер со Барса ќе истече во текот на летото и шпанскиот клуб нема намера да го продолжи.

Поранешниот играч на Борусија Дортмунд се очекуваше да го напушти „Камп Ноу“ во јануари, но се пропадна во последните моменти.

А следното лето офанзивецот сепак ќе го напушти каталонскиот гигант.

Интерес за францускиот репрезентативец покажа Челзи.

Ова го објави медиумот „Скај спортс“.

Договорот на играчот истекува на лето и „Сините“ можат да го добијат бесплатно.

Секако, европскиот шампион мора да му понуди дебела плата на 24-годишникот за да го убеди да заврши на „Стемфорд Бриџ“.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига