На последниот натпревар од саботната програма на 23. коло од Премиер лигата, Њукасл на својот стадион славеше над Челзи со 1:0.
Резултатот на натпреварот го одлучи Ајзак Хејден во судиското надополнување (90+4). Хрватот Матео Ковачиќ, кој оваа сезона одлучи да биде во дресот на Челзи, остана на клупата.