ФУДБАЛ

Челзи сака да го донесе Кутињо, но на Барселона не им се допаѓа условот што им го поставија

Филипе Кутињо игра на позајмица во Баерн оваа сезона, но сигурно дека ќе се врати во Барселона летово.

Баварците имаат опција да го купат неговиот договор со обештетување од 120 милиони евра, но како што стојат работите, тешко дека тоа ќе се случи. Шпанските медиуми веќе објавија дека во Баерн се откажале од опцијата за купување на Кутињо, и дека Бразилецот по заемот сигурно ќе се врати во каталонскиот клуб.

Сепак, Кутињо нема намера да остане во Барселона. Тој пристигна во каталонскиот клуб на почетокот на 2018 година и се покажа дека е голем промашај.

Во Барса се надеваат дека ќе го продадат во текот на летото и ќе ги вложат парите во доведување нови играчи. „Мундо Депортиво“ известува дека Барселона им го понудила на Кутињо на челниците на Челзи, и дека лондонскиот клуб е подготвен да го донесе, но под еден услов.

Наводно, тие не не сакаат да го купат неговиот договор од Барселона летово и подготвени се да го доведат на едногодишна позајмица, а доколку Кутињо ја оправда довербата, тие ќе го купат.

Овој услов не одговара на Каталонците кои сакаат пари ова лето, но ако немаат друг избор, тогаш би можеле да го испратат Кутињо на позајмица во Челзи.