Челзи подготвува продажба на францускиот играч од средниот ред Н’Голо Канте за да собере средства за финансирање на трансферите на Каи Хаверц од Баер Леверкузен и Бен Чивел од Лестер, пишува „Тајмс“ во денешниот број.
Дваесет и девет-годишниот Канте, светски шампион со француската репрезентација, е еден од милениците на публиката на „Стемфорд Бриџ“ и клучна фигура кај „сините“. Од влегувањето во лондонскиот клуб во 2016 година, тој ги освои Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на Европа.
Челзи веќе потроши 100 милиони фунти на Хаким Зијеш и Тимо Вернер, а на менаџерот Френк Лампард му е порачано дека клубот ќе може да продолжи да троши само доколку продаде некои од неговите сегашни sвезди.
Според „Тајмс“, Лампард е подготвен да се раздели со Канте, Тимуе Бакајоко, Миши Батшуаи и Баба Рахман.