ФУДБАЛ

Челзи славеше голема победа, вреден бод за Динамо на Максимир

Во вторникот вечерта се одиграа дел од натпреварите од 4.коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Во групата Е има многу возбудувања и се чини дека ќе го чекаме крајот за да го видиме исходот од борбата за нокаут фазата.

Челзи заврши одлична работа откако уште еднаш го совлада Милан, овојпат како гостин со резултат 2:0, но мора да се признае дека голема услуга им направи германскиот судија Зиберт, кој донесе многу дискутабилна одлука во 18. минута.

На домашниот стопер Томори му даде директен црвен картон и досуди пенал за Челзи. Жоргињо постигна гол од пенал за 0:1, но навистина големо прашање е дали англискиот дефанзивец, поранешен играч на Челзи, заслужи да биде исклучен.

https://twitter.com/Lfc__HR/status/1579915522464165888

Со играч повеќе во поле, Челзи веќе зголеми на 2:0 во 34. минута, кога Обамејанг на асистенција на Маунт го постави конечниот резултат.

Милан не најде сили да стори ништо повеќе, па останува на четирите бода освоени во првите две кола, а во дуелите со Салцбург и Динамо ќе бара премин во осминафиналето.

Во вториот натпревар од групата Е, Динамо го пречека Салцбург на Максимир, и освои вреден бод (1:1), иако сините можат да жалат што не стигнаа до трите.

Австријците прво поведоа со голот на Сејвалд во 12. минута, а Љубичиќ во 42. минута погоди за 1:1, што се покажа како конечен резултат.

Динамо е изедначен по бодови со третопласираниот Милан и двата тима имаат по 4 бода, додека Салцбург има шест, а на најдобра позиција е Чеслеа со седум бода пред решавачките две кола.

Во групата Г се одигра натпреварот помеѓу Борусија и Севиља. Милионерите иако минатата недела победија со 4:1 во Шпанија, вечерва освоија „само“ бод. Беше 1:1.

Нијанзу во 18. минута погоди за 0:1, а веќе во 35. минута Белингем израмни на 1:1.

Сити претходно одигра 0:0 со Копенхаген, а моменталниот пласман изгледа вака: Сити 10, Борусија 7, Севиља 2, Копенхаген 2.