Челзи се врати на лидерската позиција во Премиер лигата.
Во осмото коло во дуелот во Лондон го победија Брентфорд со 0:1 во многу борбена игра.
Голот на одлуката го постигна Чилвел на спектакуларен начин во 45. минута од натпреварот.
Пред голот на Чилвел, голот на Лукаку беше поништен поради офсајд, а Челзи имаше неколку добри прилики во продолжението, но остана 0:1.
„Сините“ сега се лидери на табелата со 19 бода, еден бод повеќе од Ливерпул и два бода повеќе од Манчестер Сити.
Од друга страна, Бренфторд се наоѓа на одлична седма позиција со 12 бода од осум натпревари.