ФУДБАЛ

Челзи со огромна понуда, 140 милиони евра за Санчо

Челси е подготвен да ги победи Манчестер Јунајтед и Ливерпул во битката за sвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Според британските медиуми, „Сините“ работат на рушење на клупскиот рекорд, само да го доведат крилниот напаѓач на Дортмунд во „Стемфорд Бриж“.

Тренерот на лондонскиот клуб Френк Лампард беше меѓу идолите на Санчо и поранешниот играч од средниот ред зборуваше за желбата на клубот да го донесе Санчо во Лондон како замена на Еден Азар.

„The Sun“ пренесува дека Челзи подготвува понуда од 140 милиони фунти за англиската sвезда.

Се вели дека оваа висока цена ги натера Ливерпул и Манчестер Јунајтед да го угаснат интересот за еден од најталентираните фудбалери на Европа.