Челзи продолжува со добрата игра во Премиер лигата под водство на новиот менаџер Маурицио Сари, постигнувајќи петта последователна победа во петтото коло, во кое дома го победи Кардиф со 4:1.
По овој натпревар, „сините“ имаат 15 поени и ја делат лидерската позиција на табелата со тимот на Ливерпул, кој денеска победи на гостувањето кај Тотенхем.
Бамба даде изненадувачка предност за тимот од Велс уште во 16-тата минута, но до паузата Азар постигна три погодоци и пресврт на натпреварот во корист на лондонскиот клуб.
Тој беше прецизен во 37-та, 44-та и 81-та минута на средбата. Вилијан додаде еден гол во 83-тата, за да го оформи крајниот резултат.
Резултати од 5. коло во Премиер лигата:
Тотенхем – Ливерпул 1:2
Челзи – Кардиф 4:1
Борнемут – Лестер 4:2
Хадерсфилд – Кристал Палас 0:1
Манчестер Сити – Фулам 3:0
Њукасл – Арсенал 1:2