ФУДБАЛ

Челзи тргнува по ѕвездата на Милан, подготвен да плати вртоглави 150 милиони евра

Рафаел Леао беше еден од клучните играчи на Милан минатата сезона во која Росонерите го освоија Скудетото.

 

Леао со 22 години е еден од најдобрите млади играчи во светот во моментов. Крилниот напаѓач беше одличен во текот на минатата сезона и со своите игри „полуде“ многу големи клубови.

 

Навистина, тој веќе настапува во еден таков, но Милан, за разлика од некои други гиганти, нема економска моќ. Англиските екипи, меѓу кои и Челзи, можат да купат кого сакаат, а „сините“ се насочени кон португалскиот репрезентативец.

Челзи наводно се потрудил за Леао и прашање е дали Милан може да одолее, откако лондонскиот клуб подготвува понуда од дури 150 милиони евра.

 

Леао има договор со Милан до летото 2024 година, а засега не е познато дали ќе потпише нов договор. Секако, челниците на Милан сакаат што поскоро да потпишат нов договор за да ги избегнат ситуациите кои веќе ги имаа со Хакан Чалханоглу, Франк Кеси и Џанлуиџи Донарума, кои си заминаа како слободни играчи.

 

Несомнено е дека Милан би можел да ги искористи споменатите пари, но прашање е дали без играч како Леао би имале сили да се борат за Скудетото. Со продажбата на Португалецот, Росонерите дефинитивно би имале многу помали шанси да ја одбранат титулата.

 

Доколку Челзи не успее да го доведе младиот Португалец до крајот на месецот, се верува дека ќе тргне по него во јануари.

 

Реал Мадрид веќе некое време е заинтересиран за Леао, а исто така е подготвен да му плати и над 100 милионо. Треба да се напомене дека во договорот на играчот има клаузула според која тој може да си замине доколку некој понуди 150 милиони.

 

Челзи лошо ја започна новата сезона во Премиер лигата, а по поразот од Лидс (0:2) минатиот викенд алармот се вклучи и Томас Тухел сака да го засили офанзивниот дел од својот тим.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига