ФУДБАЛ

Челзи во Мадрид испрати голема понуда: Кепа и пари за Облак

Челзи од Лондон даваат се од себе за да влезат со нов голман следната сезона.

Френк Лампард е разочаран од Кепа Аризабалаг, кој не покажа зошто е најскапиот чувар на мрежата од пристигнувањето на „Стемфорд Бриџ“, а извесно е дека тој ќе брани на друго место следната сезона.

Многу голмани се поврзуваат со Челзи, а тие попрво би го видел Словенецот Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид.

Шпанските медиуми пишуваат дека лондонскиот клуб испратил понуда до Атлетико вредна 30 милиони евра и Кепа во замена за Облак, и сега чекаат одговор од мадридскиот тим.

Ова е секако многу интересна понуда со оглед на тоа што за Кепа биле платени 80 милиони евра пред само две години и сигурно е дека раководството на Атлетико добро би можело да ја разгледа понудата.

Кепа го загуби местото како прв голман на Челзи и сега меѓу стативите стои искусниот Аргентинец Вили Кабалеро.