Британските медиуми објавија дека фудбалскиот клуб Челзи започнал преговори со челниците на Пари Сен Жермен, се со цел да го ангажира Бразилецот Нејмар.
ПСЖ моментално има два големи проблеми, а тоа се Нејмар и Лионел Меси. Фудбалерите кои често се на прагот на заминување во моментов се, наводно, главната причина за лошата атмосфера во клубот.
PSG president Nasser al Khelaifi and Chelsea co-owner Todd Boehly had a secret meeting in Paris to discuss a potential transfer for Neymar, sources have confirmed to ESPN 👀 pic.twitter.com/7WzlaQSInH
— ESPN FC (@ESPNFC) February 16, 2023
Ситуацијата е уште полоша бидејќи тимот моментално е во игра и резултатска криза, а ПСЖ ги загуби последните три натпревари во низа. Најпрвин против Марсеј во домашниот куп 1:2, потоа во првенството против Монако 1:3 и на крајот на домашен натпревар, првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите беше загубен од Баерн со 0:1.
Британските медиуми не наведоа колку Челзи е блиску до евентуално доведување на 31-годишниот Нејмар, но преговорите се потврдени.
Нејмар во кариерата играше за три клуба. Започна во бразилски Сантос, а потоа се пресели во Барселона, каде играше од 2013 до 2017 година. Потоа до денес е член на Пари Сен Жермен.
