ФУДБАЛ

Челзи заработи пари од триумфот на Реал Мадрид во Ла Лига

Челзи, наводно, ќе прифати бонус од 10-15 милиони, откако Еден Азар му помогна на Реал Мадрид да го освои трофејот од Ла Лига во својата деби сезона во „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид беше прогласен за шампион на Шпанија по победата во четвртокот од 2:1 против Виљареал, додека нивниот ривал Барселона претрпе пораз од 2:1 против Осасуна.

Во меѓувреме, Азар, кој се префрли во европските гиганти за време на минатиот летен преоден рок, им донесе солидна заработка на поранешниот клуб, Челзи.

Во договорот потпишан меѓу двата клуба за трансфер на Азар, Челзи постави клаузула според која Реал Мадрид мора да му плати на лондонскиот клуб бонус доколку Шпанците ја освојат титулата во Ла Лига во првата сезона на Азар.

Најголемите светски медиуми пренесуваат дека клубот од Премиерлигата ќе заработи 10 до 15 милиони фунти поради триумфот на Реал Мадрид во Ла Лига.

ПОВРЗАНО

Ла Лига