Лино Червар не се појави на денешната прес конференција пред натпреварот со Спортинг во Лигата на шампионите, од клубот информираат дека тренерот на екипата ке се врати вечерва во Скопје и дека ке биде на клупата за средбата со екипата од Португалија.
Хрватските медиуми неодамна информираа дека Лино Червар нема да се врати во Скопје и дека ке остане неопределено време во Загреб .
Во отсуство на Лино Червар, на прес-конференцијата своите видувања ги даде Александар Јовиќ, помошник-тренер на Лино Червар, а во името на ракометарите зборуваше Дарко Арсиќ, првиот голман на Металург.