Поранешниот капитен и клупска легенда Стивен Џерард им честиташе на фудбалерите и навивачите на Ливерпул за освојувањето на титулата во Премиер лигата.
Џерард беше фаворит на навивачите, но не успеа да ја освои шампионската титула. Тој беше близу двапати, во сезоната 2008/09 и 2013/14, но не успеа.
По 30 години Црвените успеаја со тоа и Џерард не го криеше задоволството. За него е посебен момент.
“Честитки до клубот за освојувањето на титулата. Тоа е неверојатно достигнување од фантастичен тим на врвни играчи. Нека започне забавата”, напиша Џерард, меѓу другото.
https://www.instagram.com/p/CB33qKkp4D2/?utm_source=ig_embed