Македонија вечерва гостува на Финска во претпоследниот меч од квалификациите за пласман на ЕП во 2022. Учеството на континенталниот собир следната година е обезбедено, но нашата селекција е голем фаворит на овој меч. Кире Лазаров и ракометарите најавуваат победа.
Во конкуренција за настап во Рихимаки ќе бидат 19 ракометари. Меѓу нив се и Лазаров и Миркуловски, кои се членови и на стручниот штаб. Доколку има потреба, нивното искуство ќе помогне во текот на натпреварот против аутсајдерот во нашата група.
