Ерлинг Халанд очигледно ќе ја напушти Борусија Дортмунд во летниот преоден рок.
Неверојатниот норвешки напаѓач ќе направи уште еден чекор напред во кариерата, а четири екипи остануваат во игра за неговиот потпис.
Тоа се Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи и Реал Мадрид, кои ја започнуваат трката за неговиот потпис и тие се подготвени да ги исполнат барањата што ги има норвешкиот фудбалер.
Според „ЕСПН“, 21-годишниот напаѓач бара плата од 35 милиони евра годишно од клубовите, и овие тимови се подготвени да ја исполнат неговата желба.
Покрај оваа бројка, клубот што ќе го ангажира норвешкиот напаѓач ќе треба да и плати на Борусија 75 милиони евра како обештетување, а дел од тортата бараат и менаџерот Мино Раиола и таткото на одличниот напаѓач Алф-Инге Халанд.
Раиола наводно сака дури 20 милиони евра за брокерски услуги, а таткото на Ерлинг наводно бара неколку милиони за себе.
Извесно е дека Ерлинг Халанд ќе го напушти Дортмунд следното лето, а ќе видиме во кој клуб на крајот ќе се смири.