Кога Марио Геце го постигна победничкиот гол за Германија во финалето на Мундијалот во 2014 година, сите очекуваа дополнителен чекор напред за овој играч од средниот ред, но прво следуваше стагнација, а потоа и пад на формата.
Враќањето во Борусија во 2016 година не донесе посакувани резултати, главната причина се физичките проблеми поради кои фудбалерот, кој е украсен со одлична техника, имаше турбулентна кариера.
Неодамна беше објавено дека на крајот на сезоната, по истекот на неговиот договор, Геце ќе го напушти „Парк Сигнал-Идуна“ како слободен агент. Засега има четири опции на масата.
Одамна е познато дека интерес има од Серија А, пред се Лацио. Не е исклучена можноста да остане во Бундеслигата, додека најновите понуди се од САД и Јапонија.
27-годишниот играч играше во сениорски фудбал само за Баерн и Борусија. Оваа сезона Лусиен Фавре му даде шанса на 20 натпревари, а Геце возврати со три гола и една асистенција.