ФУДБАЛ

Четиринаесет играчи го напуштија „Олд Трафорд“, предводени од Валенсија и Херера

Манчестер Јунајтед ја денес ја заврши соработка со дури четиринаесет играчи.

Раководството на „Црвените Ѓаволи“ денеска воглавно им даде отказ на играчите кои не беа во прв план, но и на долгогодишните првотимци, Антонио Валенсија и Андер Херера.

Капетанот Антонио Валенсија е отпишан е одамна. Тој ќе го напушти клубот по 10 години и 339 натпревари одиграни во Јунајтед.

Исто така, шпанскиот играч од средниот ред, Андер Херер, го заврши својот петгодишен мандат на театарот “Сон”.

Сепак, нема да биде долго без клуб и се претпоставува дека во наредните денови тој ќе стане нов член на францускиот шампион на ПСЖ.

Херера одигра вкупно 189 натпревари за „Црвените Ѓаволи“ и постигна 20 гола.

Интересно е тоа што меѓу отпуштените го нема Хуан Мата, на кој му истече договорот. Му беше понудено продолжување на соработката а Шпанецот сам ќе донесе одлука за иднината на „Олд Трафорд“.

Покрај на Валенсија и Херера, овие фудбалери беа отпуштени:

Џејмс Вилсон, Милен Барс, Џошуа Бохуи, Захариј Дирнили , Калум Грибин, ДЈ Буфонге, Реган Пул, Том Санг, Тајрел Ворен, Калум Велан, Мети Вилок и Метју Олосунде.

Сите тие можат да бараат нов клуб, а повеќето од нив, најверојатно, ќе игаат во некој тим од понизок ранг.