Иако не успеа да триумфира на домашен терен во Шпанија, Марк Маркез сепак ја завери новата шампионска титула во класата ГП. Возачот на Хонда не сакаше многу да ризикува и на крајот го освои третото место што му донесе огромна радост и четврта титула. Триумфираше Дани Педроза пред Јохан Зарко додека главниот конкурент на Маркез Андреа Довициозо излета од патеката на 6 круга пред крајот со што завршија сите неизвесности во првенството.