Завршија четвртфиналните натпревари на Светското првенство во Катар. Хрватска во полуфиналето ќе игра против Аргентина, а Мароко ќе се соочи со Франција.
Според статистиката и рејтингот имаме и четвртфинален тим, а во него се четворица играчи од хрватската репрезентација.
Очекувано на голот е Домини Ливаковиќ, кој со одлични одбрани во текот на мечот и еден одбранет пенал ја предводеше Хрватска до победата над Бразил со оцена 9.
Во одбраната се двајца негови соиграчи – Дејан Ловрен (7,4) и Јосип Јурановиќ (7,6). Покрај нив во одбранбената линија беа двајца Мароканци кои брилијантно се бранеа и ги одбранија сите португалски напади – Џамик (7,6) и Алах (7,7).
Во средниот ред е Марсело Брозовиќ (7,6), со Антоан Гризман (7,5), Бруно Фернадес (8,2) и Бакајо Сака (7,6), додека во нападот Вегхорст (8,5) и Лионел Меси (9,1).