Поранешниот дефанзивец на Челзи и Арсенал, Давид Луиз моментално настапува за бразилскиот Фламенго.
35-годишниот фудбалер пред една година реши да се врати во Бразил и да потпише за Фламенго откако му истече договорот со Арсенал, а не доби понуда да остане во лондонскиот клуб.
Луиз најдобро се памети по натпреварите во Челзи и ПСЖ, за кои настапи со значителен успех. Со Челзи во 2012 година успеа да ја освои Лигата на шампионите, а подоцна за 50 милиони евра се пресели во ПСЖ.
Тој пристигна во Арсенал летото 2019 година, но не играше во одлична форма во дресот на Арсенал, поради што овој клуб не му го продолжи договорот, па се врати во Бразил.
Луиз веќе една година игра во дресот на Фламенго, а сега повторно се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност поради за жал не толку добри вести.
Имено, Луиз побарал да биде заменет на полувремето синоќа за време на полуфиналниот натпревар од Купот на Бразил против Сао Паоло бидејќи не се чувствувал добро.
https://twitter.com/ericfaria74/status/1562642873350119429
Потврдено е дека Луиз има здравствени проблеми поради кои подолго време не се чувствува добро. Бразилецот не спие добро, а на мечот против Сао Паоло немаше сили ниту да истрча како што треба.
Тренерот го извади од игра, а по натпреварот Луиз за бразилските медиуми потврди дека не се чувствува добро.
Имам сериозен здравствен проблем. Ќе морам да направам детални тестови и кога ќе дознаам што е проблемот ќе ви кажам“, изјави Луиз по натпреварот.
Сепак, веќе денеска се појави информација дека Луиз боледува од вирусен хепатитис. Денеска ќе направат подетални тестови и се очекува клубот да излезе со официјално соопштение и да открие каков проблем има искусниот играч за врска.