На четвртфиналниот натпревар против Еквадор, Лионел Меси ја потврди својата репутација како најдобар изведувач на слободни удари во светот.
Меси, кој во моментов е без клуб откако му истече договорот со Барселона, го постигна третиот гол за Аргентина во победата од 3:0.
Капитенот на „гаучосите“ претходно им асистираше на Родриго Де Пауло и Лаутар Мартинез и беше најдобриот поединец на неговата репрезентација на патот до полуфиналето.
Легендата на Барселона сега има четири гола на своја сметка и е најдобар стрелец на турнирот, а неговиот последен погодок беше навистина генијален.
Судијата Вилтон Сампајо прво досуди пенал за Аргентина по фаулот над Анџело Ди Марија, но ВАР ја поништи таа одлука и беше досуден слободен удар.
Тоа беше како лесно како песна за Меси бидејќи тој е веројатно единствениот фудбалер во светот кој делува поопасно од слободен удар отколку од белата точка.
¡Bombazo! Lionel Messi la clavó de tiro libre para el 3-0 final de @Argentina sobre @LaTri
🇦🇷 Argentina 🆚 Ecuador 🇪🇨#VibraElContinente #VibraOContinente pic.twitter.com/FcvQrHuRka
— CONMEBOL Copa América™️ (@CopaAmerica) July 4, 2021
Пред да шутира, тој само малку се смееше и погоди навистина генијално затоа што да се постигне директно од слободен удар од самиот раб на казнениот простор никогаш не е лесно, освен ако не се викате Меси.
Искусниот офанзивен играч шутираше силно и прецизно за да не може еквадорскиот голман Хернан Галиндез да направи практично ништо.
Lionel Messi Goal from this angle 😍🐐
pic.twitter.com/rTkcrHQ8je— V ✪ (@21vivs) July 4, 2021
Аргентина во полуфиналето ќе игра со Колумбија на 6 јули, која го исфрли Уругвај по изведувањето на пенали. По 120 минути немаше голови, така што Лос Кафетерос, кој мина со 4:2, успеа подобро во изведувањето на пенали.