ФУДБАЛ

Човек, па се останато: Роналдо уште еднаш покажа големина, момчето остана во шок (ВИДЕО)

Во натпреварот од третото коло на Лигата на нации, Португалија ја совлада Чешка со 2-0 во Лигата А.

Стрелци за Португалците на овој меч беа Кансело и Гуедеш.

Роналдо не се запиша како стрелец, иако имаше неколку добри прилики.

По една пропуштена прилика, момче кое собираше топки му пријде зад голот и му подаде рака на Роналдо за да го поддржи и не ни помислуваше дека ова ќе биде момент кој ќе го памети цел живот.

Роналдо се насмеа и му подаде рака на момчето по што момчето беше во благ шок, се сврте кон трибината и не можеше да поверува што се случило.

По таа сцена, трибините на стадионот во Лисабон ги поздравија Роналдо и момчето, а Роналдо уште еднаш покажа за каков човек е.